Достапни линкови

Приштина: Ветераните од ОВК предупредуваат дека ќе делуваат како ,,војници,,


Организацијата на ветерани од Ослободителната војска на Косово-ОВК, преку соопштение што денеска го објавуваат косовските медиуми, го повикува косовскиот преговарачки тим да не прифаќа одлагање на статусот на Косово и нови преговори бидејќи во спротивно тие најавуваат дека ќе бидат принудени да делуваат како војници на ОВК, а последиците ќе ги сносат институциите. Претседателот на Организацијата Фаик Фазлиу како што пренесуваат медиумите, не сакал поопширно да го коментира соопштението, но истакнал дека тие побарале средба со преговарачкиот тим на Косово.
XS
SM
MD
LG