Достапни линкови

logo-print

Багдад: Нови бомбашки напади во Багдад, по вчерашниот во Туз Хурмат каде загинаа 130 луѓе


Најмалку шест цивили загинале, а повеќе од 10 се повредени во два одвоени напади со автомобил бомба што денеска се случиле во Багдад. Денешните експлозии, доаѓаат ден по самоубиствениот напад со камион бомба во градот Туз Хурмат во кој според најновиот биланс загинаа најмалку 130 лица, а околу 200 се повредени. Нападот се случи на еден пазар во градот, при што се уништени повеќе куќи и продавници. Вчерашниот, се смета за најсмртоносен напад во Ирак, од април годинава.
XS
SM
MD
LG