Достапни линкови

Договор нема, разликите за судските реформи останаа


Средбата мегу претставниците на власта и опозицијата денеска без успех. Не се постигна согласност ниту за мандатите на јавните обвинители , ниту за докомплетирањето на Судскиот совет.

„Ние денеска направивме голема отстапка, имено се согласивме да има посебен избор за тие обвинители, за коишто е потребен кога ќе им истече мандатот, на којшто нема да може да се јават овие кандидати. Но, критериумите, да бидат оние коишто се за избор на обвинител. Значи, процедурата да биде различна, тие да имаат предност, да не може да им конкурираат луѓе однадвор, но да ги исполнуваат критериумите кои се потребни според законот што се носи, и тука СДСМ не се согласи, како и досега,“

изјави премиерот Никола Груевски.

Опозицијата истакна дека владата нема волја да ја оттргне политиката од правосудниот систем

„Преговорите за реформите во судството пропаднаа, и тоа пропаднаа заради неподготвеноста на владата да даде вистински одговор за квалитетна реформа на судството. Мислам дека после серијата разговори е јасно дека на владата и е потребен закон за обвинителство, државен судски совет и некои други закони само да направи чистка во обвинителството и дополнително го партизира судсвото. Ние уште на почетокот кажавме дека сме подготвени да разговараме за се, но дека имаме два приоритети. Прво, судството да го ослободиме од стегите на партиските влијанија и во обвинителството да имаме квалитетни луѓе коишто ќе работат професионално,“

изјави Радмила Шекеринска лидер на СДСМ

За разлика од власта опозицијата смета дека обвинителите кои не се со траен мандат 30 дена пред завршувањето на функцијата да поднесат писмено барање до Советот на обвинители кој би ја оценувал нивната работа и доколку оценката биде позитивна да добијат тареан мандат. Тие укажуваат дека клучна улога при избор на обвинителите треба да има Советот на обвинители. На претходната средба се постигна согласност само за начинот на кој ке се разрешува јавниот обвинител и договорија формирање на основно јавбо обвинителство за организиран криминал. И на денешната не учествуваа претставници на ДУИ.
За тоа кога и како ке се постигне решение за спорните прашања, различни видувања, опозицијата не верува дека ке има нова средба, а власта вели им даваме време да размислат.
XS
SM
MD
LG