Достапни линкови

Експертите поделени за улогата на Маковеј и волјата на владата за справување со курупцијата


Еден човек сам не може да се справи со корупцијата. Потребно е да постои волја за борба кај сите во државава, велат познавачите на оваа област, коментирајќи ја новата советничка улога на македонската влада, на поранешната романска министерка за правда Моника Маковеј. Слаѓана Тасева од невладината организација Нулта корупција – Транспарентност, вели дека доаѓањето на Маковеј е добро, особено затоа што таа е човек кој не бил дел од случувањата и не е поврза со личностите од локалната сцена. Но, сепак потенцира Тасева не може да се очекува Маковеј да ги постигне истите резултати како во Романија.

„Тоа што таму е постигнато, е затоа што таа била на позиција каде што учествувала во носењето на одлуките, и на политичките одлуки и на преземање на конкретни дејствија. Значи, за борбата против коруцпијата и понатаму ќе треба носење на одлуки, вклучително и политички и поддршка на она што се прави, за да стигнеме до вистински резултати во борбата против корупцијата.“

Спротивно од Тасева, поранешниот прв анти корупционер Џевдед Хајредини, нема позитивно мислење за ваквиот потег на владата:

„Намерата на Груевски е пак да има популитисички ефект овој негов чекор, а не нешто да се направи.“

Тасева и Хајредини со спротиставени ставови во однос на волјата на оваа владеачка гарнитура да се справи со корупцијата:

„Сметам дека постои волја кај оваа гарнитура да се справи со корупцијата, но да не заборавиме дека тоа е комплексен феномен којшто навлегува во сите сфеери на општеството и не може активностите на владата да бидат доволно во борбата против корупцијата.“

„Ниту има волја, ниту капацитет, оваа влада да се справи со ситуацијата и проблемите во Македонија.“
XS
SM
MD
LG