Достапни линкови

Се обновува ли идеата за поделба на Косово?


По ќорсокакот во кој се најде прашањето за статусот на Косово по самитот Буш-Путин, експертот од Инситутот за политички студии од Брисел Мајкл Емерсон ги коментира анализите на западните медиуми, дека прашањето за поделба на Косово повторно оживува зад затворените врати на западните престолнини. Експертот Емерсон ја анализира и изјавата од Европската Унија дека Брисел ќе ја преземе одговорноста и ќе донесе одлука за Косово доколку Русија остане на својот непроменлив став.

Дали за статусот на Косово е можно некое друго решение освен планот на специјалниот пратеник Марти Ахтисари, како прилагодување на границите на пример со што северниот дел на Косово би бил споен со Србија, пишува во текстот насловен како ,,Цената на Косово,, уредникот на парискиот весник Монд Даниел Верне. Неодамна и во анализа посветена на Косово на агенцијата Ројтерс авторот Мет Робинсон наведува изјава од неименуван претставник кој вели дека по ќорсокакот во кој падна прашањето за косовскиот статус, меѓу западните претставници зад затворени врати почнува да циркулира идеата за поделба на Косово. Дека во оптек се многу идеи за Косово, изјави дури и Стивен Хедли советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џорџ Буш. Коментирајќи ги овие анализи на западните медиуми експертот од Инситутот за политички студии од Брисел Мајкл Емерсон вели:

„Јасно е дека е замисливо сценарито за поделба на територијата на Косовска Митровица за Прешевската Долина. Европската Унија е против ,,бизнисот,, за корекција на границите, бидејќи со тоа би се воспоставил опасен преседен. Меѓутоа јас можам да замислам дека, доколку српската страна вели, НЕ за планот на Ахтисари, но би рекла ДА за опцијата на поделба, тоа сметам дека би бил важен елемент во приказната. “

посочува Емерсон кој на прашањето за можноста западните дипломати да почнат отворено да говорат за оваа опција вели:

„Доколку продолжи оваа пат ситуација, ќорсокакот со Русија, тогаш се разбира и други опции се во игра.“

Неодамна Кристина Галах портпарол на високиот претставник на ЕУ Хавиер Солана изјави дека Брисел ќе ја преземе одговорноста и ќе донесе одлука за Косово доколку Русија не го промени ставот. Коментирајќи ја оваа изјава, Емерсон истакнува:

„Многу е тешко да се предвиди како таа изјава би се преточила во пракса поради низата компликации што би се создале во случај да не биде усвоена резолуција во Советот за безбедност. Во таа смисла, јас на таа изјава гледам како на недоречено политичко соопштение за она што веќе е очигледно, односно за тоа дека Косово е дел од Европа, подрачје во доменот на интересот на ЕУ, а дека Русија е многу далеку од Косово.“

За евентуалната можност за прогласување на еднострана независност на Косово, експертот Мајкл Емерсон смета дека ЕУ би била несреќна со таквата можност и би сторила се за да ја спречи таа опција.
XS
SM
MD
LG