Достапни линкови

logo-print

Исламабад: Пакистанските сили ја држат под опсада Црвената џамија


Пакистанските сили од синоќа ја држат под опсада Црвената џамија во Исламабад, откако 16 лица загинаа во судирите меѓу силите за безбедност и вооружени активисти на џамијата, чии свештеници се залагаат за строга примена на исламот. Еден верски лидер, кој бил упасен при обидот да побегне од џамијата, изјавил дека во неа има околу илјада верници, а некои од нив се вооружени со калашњикови. Пакистанската влада соопшти дека тие мора да се предадат и оти жените и децата ќе добијат амнестија, а мажите ќе бидат судски гонети.
XS
SM
MD
LG