Достапни линкови

Тирана: Последен обид на албанскиот парламент за избор на претседател


Албанскиот парламент денеска попладне за последен пат ќе се обиде да избере нов претседател на државата. Предходните два обида не успеаја, бидејки ниедна политичка партија не предложи свој кандидат,а нема ниту договор меѓу власта и опозицијата. На актуелниот претседател Алфред Мојсиу мандатот му истекува на 24-ти овој месец, и доколку Парламентот и денеска не успее да избере нов претседател, ќе бидат закажани предвремени парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG