Достапни линкови

logo-print

Гватемала: Рускиот Сочи домаќин на ЗОИ во 2014


Рускиот град Сочи ја доби организацијата на Зимските Олимписки Игри во 2014-та година, објави во Гватемала, претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет Жак Рог. Во првиот круг гласање на 100-те челнови на Комитетот испадна Салцбург, а потоа Сочи доби повеќе гласови од јужно-корејскиот град Пјонгчанг. Русија за прв пат ќе биде домаќин на зимски олиписки игри, а последната летна олимпијада во таа земја беше во 1980-тата година, но тогаш некои западни земји ја бојкотираа од политички причини.
XS
SM
MD
LG