Достапни линкови

Ослободувањето е резултат на договор постигнат со тешка работа, изјавија од Хамас


Новинарот на ББС Алан Џонстон е ослободен денеска во Газа по речиси 4 месечно заложништво. Тој од страна на исламистите кои го киднапираа им беше предаден на преставници на Хамас. Еве што Џонсон изјави по ослободувањето.

„Последните 16 недели, секако, беа најлошите кои можат да се замислат во мојот живот. Тоа беше како да се живи закопани и исфрлени од светот. Бев во раце на луѓе опасни и непредвидливи, кои секогаш се закануваа и не знаев кога ке дојде крајот.“

Лидерот на политичкото крило на Хамас Калед Мешал го поздрави ослободувањето на Џонстон велејки дека палестионците жалат што тој беше киднапиран. Портпаролот на Хамас Ајман Таха:

„Ние можеме да речеме дека имаше услови, но ослободувањето е резулат на договор постигнат со тешка работа.“

Новинарот Алан Џонстон беше единствениот дописник со целосно работно време во Газа. Тој исчезна на 12 Март, а неговите киднапери се идентификуваа како Армија на Исламот, малку позната милитантна група.
XS
SM
MD
LG