Достапни линкови

Вашингтон: Американските сили изразуваат сомнеж за бројот на цивилни жртви во Авганистан


Американскиот Генерал Пери Вигинс изрази сомнеж во пресметките на авганистанските и западните хуманитарни агенции во врска со бројот на цивилните жртви во Авганистан. Според агенциите над 230 цивили загинале оваа година. Според Вигинс, тешко е да се добие независна истрага во тие подрачја. Во меѓувреме Генералниот Секретар на НАТО Јап де Хооп Схефер во Рим вети истрага за цивилните жртви во Авганистан.
XS
SM
MD
LG