Достапни линкови

logo-print

Карлови Вари: Денеска премиера на македонскиот филм „Превртено“


Македонскиот долгометражен игран филм „Превртено“ во режија на Игор Иванов, денеска ќе ја има својата светска премиера во Карлови Вари, Чешка, на 42. Интернационален филмски фестивал. „ Превртено“, или „Upside down“, учествува во една од трите натпреварувачки програми во официјална конкуренција, во чии рамки ќе бидат прикажани повеќе од 200 нови филмови од целиот свет. Македонската премиера на филмот е закажана за септември годинава.
XS
SM
MD
LG