Достапни линкови

Рим: Денеска презентација на проектот „Инвестирајте во Македонија“


Проектот „Инвестирајте во Македонија“ денеска ќе биде претставен и пред бизнисмените во Рим, како последна дестинација од шесте града во агендата на тимот „Македонија“, за време на тридневната посета на јужна и централна Италија. Предвидена е и средба на владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски со поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони. Синоќа приказната за Македонија како успешна бизнис-дестинација беше презентирана пред стотина италијански бизнисмени во Сан Џузепе Везувијано и во Неапол.
XS
SM
MD
LG