Достапни линкови

Скопје: Главниот град синоќа 15 минути без улично осветлување


Улиците во Скопје синоќа 15 минути останаа без осветлување, со што ЕСМ-ЕВН го исполни ветувањето дека главниот град ќе го остави без струја поради неплатениот долг од над 120 милиони денари за изминатите две години. Исклучувањето на ЕСМ-ЕВН е предупредување до Град Скопје и доколку не бидат намирени средствата, во наредните денови градот ќе остане подолго без осветлување. За време на исклучувањето на струјата семафорите на скопските улици ќе работат нормално. Од Градот Скопје информираат оти минатата недела градоначалникот Костовски испратил писмо до министерот за финансии Трајко Славески со барање да преземе активности за сервисирање на долгот, но оти се уште нема никаков одговор од Министерството.
XS
SM
MD
LG