Достапни линкови

logo-print

Идеологиите остануваат, смените се добри за демократизацијата, сметаат експертите


Доаѓањето на нови лидери на челните позиции во партиите, неможе да ја смени партиската идеологија, но тешко е да се справите со сенката на лидерите во заминување, ги анализираат политиколозите промените во македонската политичка сцена. Заминувањето на лидерот на ДПА Арбен Џафери и доаѓањето на Мендух Тачи на негово место, исклучувањето на Есад Рахиќ од Социјалдемократскиот Сојуз и најавите за формирање на нова партија, го продолжуваат трендот во кој едни се повлекуваат од политиката, а други ги наследуваат.

„Остнаува партиската идеологија, онаква каква што е, но секоја личност на позицијата ќе внесе и свое. Зависи од партија до партија, какво ќе биде конкретноро решение,“

Вели Ило Трајковски, професор на Филозофскиот факултет во Скопје

Новите лидери на партиите, кои всушност не се нови за политичкото опкружување
во земјава не би требало да предизвикаат суштински промени во начинот на работење и размислување на партиите. Напротив тие можат да влијаат на демократизација во редовите на партијата, вели политичкиот аналитичар Кјани Нухиу.

„Не мислам дека нешто суштински се менува кај нив, ниту во организацијата, ниту концепцуално, ниту идеолошки. Овие промени се битни затоа што почнува еден процес на внатрешна демократизација на партиите.“

Но и Трајковски и Нухиу се согласуваат дека новите лидери никогаш нема да се ослободат од влијанието на нивните претходници.

„Тие нема да бидат проста копија на претходниците, затоа што ќе настојуваат да го најдат своето место во политиката. Ќе се трудат колку што е можно да се справат со сенката на претходниците, за да може да се одржат како лидери, затоа што членството ќе ги споредува со претходниците.“

„Лидерите во заминување се многу влијателни во политиката и не отстапуваат од влијанието во политиката.“

Освен традицијата, организацијата и идеологијата, во македонската политика најголем удел имаат личностите. Како ќе се развива партијата и дали воопшто ќе се смени нешто во нејзината идеологија и целите кон кои таа се стреми ќе зависи од карактерот на лидерот што ја води конкретната партија, посочуваат политиколозите.
XS
SM
MD
LG