Достапни линкови

Андреј Петров, претседател на ЗЕЛС. Оние општини што нема да можат да ја преземат втората фаза од децентрализацијата, ќе мора да згаснат


Поради проблемите што се појавија поради неподготвеноста на дел од општините за преземањето на втората фаза од фискалната децентрализација, како во пракса таа навистина ќе започне?

Јас неочекувам ништо спектакуларно дека ќе биде, мислам дека на 1 јули или на 2 јули практично неможеме да очекуваме дека ќе почне втората фаза од децентрализацијата но во деновите после тоа, мислам дека општините како ќе ги поднесуваат апликациите мислам дека ќе одат сукцесивно во таа фаза. Според она што се мои сознанија мислам дека голем дел од општините се подготвени за втората фаза.

Што значи тоа конкретно во бројки. Како се изменија овие бројки?

Не е изменет бројот. Бројот од 12-тина општини кои што имаат над 90 поени можат веднаш на ,,одат,, во втората фаза според Комисијата, меѓутоа под тој праг ние имаме едно 30 општини вкупно и не е целта да се ограничува фискалната децентрализација помеѓу некои општини што неможат да бидат релеванти за тоа дали имаме успешна или не втора фаза од децентрализацијата. И нас став е на тие општини да им се остави простор сукцесивно како ќе се чувствуваат подготвени да влегуваат во втората фаза. Сепак поважно од се е и општините да бидат подготвени, но и државата да биде подготвена зошто без подготвена држава ние неможеме да имаме успешна фаза од децентрализацијата.

Што со тие општини што не се подготвени?

Тие ќе треба да се подготуваат. Мене ми е многу повеќе дилема, што со оние општини што не ги исполнуваат основните технички услови од првата фаза, а тоа се околу 20 општини. Тука треба да се работи и да се види дали може да се помогне во јакнење на нивните капацитети, ако не да се искористат некои од соседните поголеми општини, ако и тоа не функционира, во идина ќе се отворат дилеми околу можноста за постоење на тие општини во иднина.

Очекувате ли проблеми во понатамошната фаза од процесот?

Ако се подготвени Министерствата, ние ќе ги пренесеме надлежностите тоа се технички прашања. Меѓутоа многу е битно да бидат изградени контролни механизми, односно да се има правилници со кои ќе се регулираат постапките и во секој момент да се има увид во состојбата. Тоа за жал не зависи од општините, туку од државата.

Претпоставувам дека еден сложен процес ќе биде пренесувањето на надлежностите на градежното земјиште. Државата од вас бараше проекти?

Не е суштината во проекти, нив ги има на претек. Меѓутоа основен проблем е тоа што државата не е добар администратор на земјиштетот. Неможе министерот од Скопје да знае повеќе за земјиштетото од градоначалникот на Струмица или Охрид и луѓето што тоа работат во општините. Има закон за измена на градежното земјиште и ЗЕЛС ќе биде против тој закон бидејќи со него не се одразуваат интересите на општините, односно нивното барање за пренесување на градежното земјиште. Очигледно е дека отсуствува вољата да се направи тоа и покрај сугестиите од ЕК, Светска Банка, на Советот на Европа. Значи сите мислат дека земјиштето треба да се префрли на општините, само државата смета дека таа може подобро да го администрира земјиштето.

Каква е сега соработката со централната власт?

Има министерства со кои имаме одлична соработка, како на пример со Министерството за финансии. Со Министерството за транспорт и врски комуникацијата е подобра за разлика од претходно, но проблемот се различните ставови по однос на некои прашања. Ние немаме забелешки на инволвирањето на процедурите на ЗЕЛС, контактите итн. но имаме суштински забелешки по однос на градежнотоземјиште. Неможеме да прифатиме еден таков амбивалентен однос на Владата во кој се вели сега ќе го средуваме Катастарот, а потоа ќе ви го дадеме земјиштето. Јасно е дека целта е да се задржи земјиштето под државна контрола. Ние несакаме целото земјиште да им го одземе, нека задржат земјиште за некои капитални проекти, но за 10-20% од некоја парцела за индивидуална куќа да се држи со месеци во Министерство предметот, тоа е срамота. А на тоа начин, со префрлувањето на земјиштето на локалните власти работите би оделе побрзо, луѓето нема толку да чекаат за градежни дозволи, а би било полесно и со привлекувањето на странски инвестиции.
XS
SM
MD
LG