Достапни линкови

Глазгов: Уапсени четири лица по нападите во Глазгов и обидот за напад во Лондон


Полицијата досега упаси четири лица по вчерашниот напад на аеродромот во Глазгов и двата спречени бомбашки напади во Лондон. Меѓу уапсените за нападот во Глазгов се и двајца мажи што го возеле автомобилот кој удри во зградата на аеродромот со намера да биде предизвикана смртоносна експлозија, а другите двајца се уапсени во северна Англија. Полицијата во Шкотска денеска извршува и претрес на домовите во близина на Глазгов. Според безбедносните служби нападот во Глазгов е поврзан со обидот за напад во центарот на Лондон каде во петокот полицијата пронајде и деактивираше експлозивни направи во два автомобили. Во Велика Британија нивото на безбедност е на највисок степен, поради можноста за нови терористички напади.
XS
SM
MD
LG