Достапни линкови

Секоја земја ќе се оценува поединечно за членство во НАТО


Секоја држава ке се оценува поединечно за членсвтво во НАТО, можно е на следниот самит покани да не добијат сите земји, рече генералниот секретар на Алијансата Јаап де хоп Схефер на прес конференцијата и додаде:

„Бидејќи нема да има никаков пакет аранжман и Алијансата индивидуално ке ги оценува достигнувањата на секоја држава.“

Тој порача ако ги и исполните обврските кон Алијансата и таа ке ги исполните нејзините кон вас. Премиерот Никола Груевски пак изјави 2007 е година која Македонија ја користи за подготвување и
спроведување на реформите за интегрирање

„Јас сум убеден дека на НАТО самитот во Букурешт следната година Македонија, заедно со Хрватска и Албанија ке ги добијат тешко заработените и добро заслужените покани за членство во НАТО. Ова ке биде голем успех за Македонија, Балканот, Алијансата и Евроатлантскиот партнерски совет. Убеден сум дека влезот на овие три земји во НАТО ке биде модел за останите земји во регионот“

изјави Груевски

Една од главните теми и Косово

„Најважното прашање кое го засега Балканот е Косово. Развојот на регионот и евроатлантската интеграција ке биде забавена ако не се најде решение за статусот. НАТО и партнерите се активни и ке останат и во иднина и ке ја гарантираат стабилноста ибезбедноста на Косово.“

рече Схефер.

На панелите за Косово се констатираше дека е потребно прво да се постигне решение за статусот што е можно поскоро и второ, решението да го прифатат клучните актери. Учесниците на Форумот расправаа и за Афганистан, надминување на конфликтот. Афганистанските претставници ја искористија приликата да побараат помош од мегународната заедница посебно од НАТО, во делот на обука на полицијата и војската. На Форумот Македонија беше ословувана како земја домакин, а не со уставното име. На новинарско прашање Схефер истакна тоа е формалната ситуација, јас само можам да порачам проблемот да се реши што е можно побрзо.
XS
SM
MD
LG