Достапни линкови

Цел на НАТО е балканските земји да станат дел од евро атлантските структури


Ние во Македонија сметаме дека поканата за членство во НАТО е резултат на напорна работа и 2007 е година која ја користиме за подготвување и спроведување на реформите за интегрирање, рече премиерот Никола Груевски на отворањето на НАТО Безбедносниот форум што се одрува во Охрид

„Јас сум убеден дека на НАТО самитот во Букурешт следната година Македонија, заедно со Хрватска и Албанија ке ги добијат тешко заработените и добро заслужените покани за членство во НАТО. Ова ке биде голем успех за Македонија, Балканот, Алијансата и Евроатлантскиот партнерски совет. Убеден сум дека влезот на овие три земји во НАТО ке биде модел за останите земји во регионот“

изјави Груевски.

Генералниот секретар на Алијансата Јаап де Хоп Схефер повтори дека вратите на НАТО се отворени за земјите, но додаде дека тоа значи исполнување на стандардите

„Јас ја гледам целата евроатлнатска интеграција како единсвен пат за земјите од регионот,но исто така е јасно дека земјите се на различен степен на развој. НАТО е активно вклучен во овој процес и ке продолжи да го прави тоа. Тоа е интерес на сите, не само на земјите од Балканот. Ние сакаме Балканот да придонесува за безбедноста. Трите земји ги спроведуваат реформите за да ги прифатат и обврските. Ова значи дека кај нив зависи од она што ке го направат. И мојата порака е ако ги исполните обвските кон Алијансата и таа ке ги исполните нејзините кон вас,“

рече Схефер.

Една од главните теми на Форумот е и Косово

„Најважното прашање кое го засега Балканот е Косово. Развојот на регионот и евроатлантската интеграција ке биде забавена ако не се најде решение за статусот. НАТО и партнерите се активни и ке останат и во иднина и ке ја гарантираат стабилноста ибезбедноста на Косово.“

рекоа Схефер и Груевски

Учесниците на Форумот расправаат и за Авганистан, надминување на конфликтот и Енергетска безбедност, стратегиски односи и сигурно снабдување.
XS
SM
MD
LG