Достапни линкови

Подзаконските акти се недостапни за јавноста


Законот за полиција кој по долги рапсравии во собранието пратениците го изгласаа во октомври минатата година треба да стапи во сила за пет месеци. Во овој подготвителен период од една година од кога беше донесен до неговата примена во пракса министертвото за внатрешни работи треба да ги обезбеди сите услови за негово импeлментирање. Портапаролот на министерството Иво Котевски вели дека се одвива во рамки на предвидените рокови

„Стручните совети на МВР задолжени за правниот дел на работите засилено работат така што до моментов околу 80 насто од целокупните материјали, односно подзаконските акти, одлуките, веќе се изготвени.“

Но уште додека законот беше во фаза на јавна расправа со свои забелешки излезе македонскиот хелсиншки комитет за човекови права. Директорот Исо Руси вели дека во тој период им било ветено дека она на што тие имаат забелешки ке биде регулирано со подзаконските акти.

„Одете, побарајте ги тие подзаконски акти на веб сајтот на МВР, или во склад со законот за достапност на информации, во најголем случај, ќе ви биде одговорено е дека тоа е информација со внатрешен карактер.“

Токму она што според нив е недостиг на законот вели Руси ке биде тешко да се имплементира во пракса

„Во делот на одговорноста на полицајците во случај на пречекорување на нивните овластувања. Делот, кој ќе им овозможи на граѓаните да ја истераат правдата, ако полицијата ги пречекорила правата.“

Целата расправа пак додека законот се носеше беше дополнително одогловлекувана поради забелешки на Демократската Унија за интеграција. Во тој период преставниците на оваа партија изјавуваа дека градоначалниците од нивните редови нема да го почитуваат законот на локално ниво. Денес пак како што вели потпреседателот на ЗЕЛС и градоначачник на Гостивар Невзат Бејта забелешките дека полицијата останала централизирана а дел од надлежностите не се префрлиле на нив остануваат но законот ќе се почитува

„Законот е закон и секој ќе го почитува законот,“

објаснува Бејта.
XS
SM
MD
LG