Достапни линкови

Свет: Бројот на милионери во светот зголемен за осум насто


Бројот на милионерите во светот годинава се зголемил за осум насто во споредба со лани, се вели во извештајот објавен во Њујорк во кој се прецизира дека сега има девет ипол милиони луѓе кои имаат богатство од над милион долари. Најмногу ги има во Соединетите Држави и во Јапонија. Нивниот број пак, најбрзо се зголемува во Сингапур, Индија, Индонезија и Русија.
XS
SM
MD
LG