Достапни линкови

Турканици и нервозни реакции


Турканици, нервозни реакции.....И летово, како и претходните се повторува истата слика пред шалтерите на пасошкото одделение на министерството за внатрешни работи. Граѓаните кои со часови и денови чекаат да поднесат документи за да добијат нова патна исправа, велат дека турканиците се резултат на неорганизираноста во министерството.

„Ниту ние не сме доволно обучени, но ним им фали подобра организација.“
„Како може да работат само два шалтери, гледате колку луѓе има тука, само два шалтери.“
„Јас имам број 70, не знам кога ќе стигнам.“
„Сега работат два шалтери, најдобро е да работат уште два“
„Не сакам да судам каде е грешката, но нешто не функционира тука.“


Но има и такви кои признаваат дека граѓаните се виновни за гужвите, оти како по обичај скоро сите поднесуваат барање за нов пасош пред почетокот на годишните одмори.

„Тоа е секогаш така, може да се извади и пред сезоната, иако не е истечен пасошот и тогаш не би било така.“

Високите температури дополнително го отежнуваат чекањето пред шалтерите.
Во вакви денови, ниту пиењето на течности не помага, раскажуваат граѓаните.

„Веќе четири литри вода пиевме, срамота за нашиот народ, ужас.“

Повеќето граѓани велат дека ниту чекањето на ред со бројчиња не ја олеснува процедурата. Еден од граѓаните што ги сретнавме вели дека и по десет дена доаѓање се уште не завршил работа.

„Десет дена доаѓам, секој ден и уште не сум готов.“

Согласно новите европски стандарди за заштита на документите за идентификација, фотографирањето се врши во пасошкото одделение, кде што апликантите се потпишуваат на специјална магнетна плоча. По обработката на овие податоци во министерството, истите се внесуваат во електронскиот чип на пасошите. Новиот пасош чини 2300 денари, но постои можност за 4500 денари истиот да го добиете за 48 часа.
XS
SM
MD
LG