Достапни линкови

Борба за парче леб, домати и вода на „македонската берза на трудот“


Од седум наутро па до доцна навечер, не се знае до кога. Веќе 14 години денот ми почнува на Јужниот булевар, или попознат како пазар на трудот. Понекогаш дури и за 50 денари ги нудам моите физички услуги на фирмите кои имаат потреба од работници, раскажува 55 годишниот Лазо Спасовски.

„Овде утовар – растовар. На друго место не ме примаат на 55 години, кој ќе ме прими. Овде на улицата седиш, чекаш, ако има, има – ако нема, нема.“

На пазарот на трудот секојдневно расте бројот на невработени кои се обидуваат да преживеат на тој начин. Приказната на Лазо не е многу поразлична од онаа на другите работници таму

„Струја немам платено две години, вода бетер. Со жената, до оставање, дај пари, од каде да ги најдам?“
„Ако ти се живее и не сакаш да умреш од глад, мора да работиш за парче леб.“


Овие работници признаваат дека не ретко се сведоци на непријатни случки.
Поради големиот број граѓани кои се обидуваат на овој пазар да ги прехранат семејствата, се почесто се случуваат тепачки и кавги за тоа кои од големиот број заинтересирани за работа да заминат. Она што најмногу не навредува раскажуваат овие луѓе е што и кога ќе се договориме за цена на услугата што ја нудиме, најчесто не ни плаќаат.

„Некаде ќе отидеш, ќе завршиш работа и нема да ти плати. Или ќе отидеш и нема да му се допаднеш и ќе те избрка“
„Доаѓаат тука, и велат, не ми требаат работници, туку амали“


велат Ранко Маринковиќ и Игор Симоновски.

И зиме и лето е неиздржливо. Но војлата да се преживее е појака од физичкиот замор, велат овие граѓани. Во овој период од годината кога температурите го поминуваат и четириесеттиот степен, овие луѓе преживуваат со малку леб, домати и вода. Бараат сенки каде што постелаат картони и во очекување на некоја работа, барем за миг се обидуваат да заспијат и да ја зборават реалноста.
XS
SM
MD
LG