Достапни линкови

Багдад: Смртна казна за Али Хасан ал Маџид за кампањата против ирачките курди


Ирачкиот суд му изрече смртна казна на Али Хасан ал Маџид, инаку роднина на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин, поради неговата улога во кампањата ,,Анхал,,од 1988 година против етничките курди, во која се убиени 180 илјади лица. За истиот случај на смртна казна се осудени и поранешниот ирачки министер за одбрана Султан Хасим Ал Таи, како и воениот командант Хусеин Рашид Ал Тикрити. Двајца поранешни припадници на разузнавачките служби се осудени на доживотен затвор, а шестообвинетиот, некогашен гуверенер на Мосул е ослободен поради недостаток од докази.
XS
SM
MD
LG