Достапни линкови

Загреб: Енергетски самит на ЈИЕ на кој учествува и Владимир Путин


Денеска во Загреб се одржува Енергетски самит на Југоисточна Европа на кој учествуваат претседателите на земјите од регионот, меѓу кои и македонскиот претседател Бранко Црвенковски, а гостин на самитот е рускиот претседател Владимир Путин. Шефовите на држави од Југоисточна Европа - Хрватска како земја домаќин, Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Романија, како и претставниците од Словенија и Грција заедно со рускиот претседател Путин ќе разговараат за актуелните проблеми во областа на енергетиката и снабдувањето со енергија и енергенси и нужноста од заштита на животната средина. Рускиот претседател Владимир Путин на маргините на самитот ќе има повеќе билатералните средби со учесниците на самитот, а се најавува средба и со македонскиот претседател Бранко Црвенковски.
XS
SM
MD
LG