Достапни линкови

Вазиристан: Нови цивилни жртви при воздушни напади изведени на авганистанско-пакистанската граница


Вкупно 60 лица, меѓу кои 28 цивили вклучувајќи и жени и деца, загинале во вчерашните напади во пакистанскиот регион Вазиристан на авганистанско-пакистанската граница. Акцијата на НАТО силите, авганистанските и пакистанските војници, била насочена против бунтовниците од овој регион кои подготвувале напади, а во неа загинале и четворица пакистански војници. Потврдувајќи ги цивилните жртви, НАТО изрази жалење за загубата на невини животи. Соопштението доаѓа откако вчера авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги осуди операциите на НАТО и американските сили во Авганистан поради високиот број цивилни жртви.
XS
SM
MD
LG