Достапни линкови

Задоволување на лични интереси или борба против „црно-белата“ партиска слика?


Карактеристика на македонската политичка сцена мегудругото е и честото формирање на нови политички партии, оценува стручната јавност. Поединци незадоволни од матичните партии формираат нови политички субјекти. Но колку тие партии можат да се наметнат и со нови идеи и да направат промени на политичката сцена. Есад Рахич од СДСМ за кој веке подолго време се говори дека ке формира нова партија вели дека тоа е прашање само на време и додава многу е тешко да се изрази поинакво мислење од тоа на раководството. Тој верува дека некоја нова опција сепак може да успее во тоа

„Ако тоа што излезе од СДСМ во своја или друга политичка партија, има јасна визија и сили, сметам дека ќе има резултат. Јас сметам, иако другите ќе речат дека тоа се прави за лични цели, исто како што јас ќе речам за други или другите за мене, сметам дека по мене, последните 17 години во Република Македонија покажаа дека црно – белата слика од двете најголеми партии не донесува резултат.“

Инаку досега има повеке примери . На пример одвојувањата на неколку партии од ВМРО-ДПМНЕ како ВМРО-Вистинска, Македонска, Народна, од која пак неодмана излезе пратеникот Горги Оровчанец кој ја формираше партијата Нова алтерантива, потоа Новата социјалдемократска од СДСМ. Нова алтернтаива ке докаже дека може да остави печат на политичката сцена што ке се види на следните ибори

„Во основа, формирањето на партијата е за да дадеме суштински одговор на главно егзистенционално прашање, а тоа е што сакаме со Република Македонија? Ние ова прашање не успеавме да го одговориме. Ние треба конечно да ја дефинираме државата, но како сопственост на граѓаните, а не на партиите. Токму во тој простор, со овие насоки и со различен принцип на менаџирање на партијата, мислам дека има доволен период до следните избори за афирмација на овие принципи,“

Изјави првиот човек на партијата Горги Оровчанец.
XS
SM
MD
LG