Достапни линкови

Вашингтон: Прва јавна заедничка седница меѓу претставници на руската дума и Конгресот


Во Вашингтон вчера беше одржана првата јавна заедничка седница меѓу претставници на американскиот Конгрес и на руската Дума. Целта на состанокот била подготовка на најавената средба на претседателите Џорџ Буш и Владимир Путин во идниот месец во Соединетите Држави. Станало збор за многу прашања што ги оптоваруваат односите меѓу двете земји, од анти ракетниот штит во Европа, до човековите права во Русија. Особено жестока била расправата за тоа дали Косово треба да стане независно и дали тоа ќе се одрази врз земјите од поранешниот Советски сојуз.
XS
SM
MD
LG