Достапни линкови

logo-print

Традицијата во оваа дејност од порано и евтината работна сила се главна причина, велат експертите


Додека во слободната економска зона Бунарџик се гради фабриката на американскиот автомобилски гигант Џонсон Контролс влез најавија и неколку други светски познати компании од оваа индустриска гранка. Владата на почетокот на годинава потпиша меморандум за соработка со британскиот автомобилски Џонсон Мети, а последната информација е дека кинеските џипови Џи Ем Си ќе почнат да се произведуваат во скопски Санос. На овој интерес на светски познатите автомобилски компнии да отворат свои погони во Македонија можеме да одговориме со доволно обучена работа сила-тврди деканот на Машинскиот факултет Милан Ќосевски:

„Очигледно е дека странските инвеститори го забележаа тој капацитет и како еден од фактите што влијаат во донесувањето на одлуки, го земаат в предвид. Искуството покажува дека не само од аспект на организираното производство, туку и од аспект на иновативна работа ние сме интересно подрачје.“

Спротивно од деканот Косевски кој повикувајќи се на фактот дека во Македонија и порано се произведувале делови за автомобили коментира дека традицијата не прави и пококуретни, поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини трви дека во ваквиот тип на инвестиции неможеме да најдем спас од економската криза.

„За Македонија треба многу директни инвестиции, поголеми индустриски капацитети кои ќе го користат како пазар целото подрачје, само такви крупни капацитети можат да придонесат нешто позначајно да се случи овде.“

Тоа што ги привлекува инвеститорите од оваа бранша, вели Хајредини е евтината работна сила:

„И во минатото Македонија важела за земја за производството на делови за автомобили и истата приказна продолжува. Поголемите капацитети сакаат да ги искористат овие погодности што им ги нуди Македонија.“

Бизнисменот Ристо Гушетров кој лобираше кај американците Џонсон Контролс да влезат во државава пак, со став дека Македонија како пазар сама по себе не може да биде интерeсна за големите мулти национални компании:

„Македонија полека, полека станува интересна дестинација, бидејќи покажува посилни знаци на политичка и економска стабилност, не само за внатрешни прилики туку и за перцепциите што ги имаат надворешните странски инвеститори.“

Инаку според првичните најави Џонсон Контролс во својата фабрика во Бунарџик ќе вработи околу 500 лица, а исто толку би вработиле и британците Џонсон Мети доколку ја донесат конечната одлука да инвестираат кај нас.
XS
SM
MD
LG