Достапни линкови

Скопје: Авионот на Никола Груевски вратен во Скопје по полетувањето поради проблеми со компјутерот


Поради проблеми со компјутерскиот систем на владиниот авион премиерот Никола Груевски синоќа не отпатува за Брисел, каде што денеска треба да учествува на статутарниот самит на Европската народна партија. Владиниот портпарол Ивица Боцевски за МИА изјавил дека владиниот авион полетал, но бидејќи биле забележани проблеми со компјутерскиот систем над Ниш, пилотот решил да ја врати делегацијата назад на скопскиот аеродром. Груевски денеска со редовна линија ќе отпатува за Брисел. Тој таму ќе се сретне со словенечкиот премиер Јанез Јанша, како и со претседателот на Европската народна партија Вилфред Мартенс.
XS
SM
MD
LG