Достапни линкови

Дијала: Најмалку 30 припадници на Ал Каеда загинале во судири со американските сили


Најмалку триесет припадници на Ал Каида загинале во судирите со ирачката и американската војска во првиот ден од големата офанзива против сунитските бунтовници во областа Дијала, соопшти денеска американската команда во Багдад. Во акцијата во која учествуваат десет илјади американски и четири илјади ирачки војници бил уништен и голем магацин со оружје. Во меѓувреме, е соопштено дека последниот биланс од вчерашниот напад со камион бомба во Багдад е осумдесет и седум загинати и над двесте повредени.
XS
SM
MD
LG