Достапни линкови

Вашингтон: САД разочарани од одлуката на Советот на ОН за човекови права


Соединетите Држави изразија разочарување од тоа што членките на новиот Совет на Обединетите Нации за човекови права донесоа одлука за прекинување на истрагите за кршењето на човековите права во Белорусија и на Куба. Портпаролот на Стејт департментот Шон Мекормак изјави дека во овие две земји сериозно се кршат правата на луѓето. Соединетите Држави ја критикуваат работата на ова тело уште откако во минатата година како дел од реформите на Обединетите нации ја замени поранешната Комисија на Светската организација за човекови права.
XS
SM
MD
LG