Достапни линкови

Бакуба: Голема офанзива на американските и ирачките сили против Ал Каеда


Американските сили во Ирак покренале голема офанзива против приврзаниците на Ал Каеда во градот Бакуба, северно од Багдад. Во операциите се вклучени околу 10 илјади американски и ирачки војници, а досега биле убиени 22-ца милитанти. Во меѓувреме, во градот Ал Насирија, на југот од земјата, во дво-дневните брби меѓу приврзаниците на верскиот лидер Моктада Ал Садр и ирачката полиција, загинале 23 лица. Во автономиот регион Курдистан, милитанти убиле 5-мина курдски војници.
XS
SM
MD
LG