Достапни линкови

Њујорк: Дел Понте ќе ја повика меѓународната заедница да ја охрабри Србија за соработка со Хаг


Главниот обвинтел на Хашкиот трибунал Карла Дел Понте денеска во Њујорк ќе ја повика меѓународната заедница дополнително да ја охрабри Србија да ја заокружи соработката со Трибуналот и да ги приведе другите лица за кои има покренато обвиненија, јавуваат агенциите. За Хашкиот трибунал се уште недостапни се лидерите на босанските Србите Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, како и поранешениот претседател на Република Српска Краина Горан Хаџиќ, поранешениот началник на регионалниот Центар на службата за безбедност во Бања Лука Стојан Жупљанин и поранешениот началник на ресорот за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Србија Властимир Ѓорѓевиќ. Четворица се товарат за воени злосторства напаравени за време на војната во БиХ (1992 - 95), додека Ѓорѓевиќ обвинет е за воени злосторства во Косово за време на конфликтот од 1999 година.
XS
SM
MD
LG