Достапни линкови

Загреб: Посета на шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, денеска ќе престојува во посета на Република Хрватска. Освен со својот домаќин, хрватскиот министер за надворешни работи, Колинда Грабар Китаровиќ, Милошоски ќе има средба и со претседателот Стјепан Месиќ, како и со претседателот на Владата, Иво Санадер. Теми на разговорите ке бидат евроатлантските интеграции на двете земји, како и продлабочување на билатералните односи.
XS
SM
MD
LG