Достапни линкови

Брисел: Состанок на министрите за одбрана на НАТО


Министрите за одбрана на НАТО на денешниот втор ден од состанокот во Брисел, расправаат за мисијата во Авганистан, пред се, за тоа како да се намалат цивилните жртви во таа земја. Вчера министрите се договорија да се разгледаат можностите за изградба на комплементарен анти-ракетен систем, кој би ги премостил разликите во врска со американските планови за таков штит во Полска и Чешка. Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека Вашингтон нема да се откаже од планираниот анти-ракетен систем и покрај предлогот на Москва за заедничко користење на базата во Азербејџан.
XS
SM
MD
LG