Достапни линкови

Газа: Хамас презеде седиште на Фатах во Појасот Газа


Борци на Хамас, како што јавуваат агенциите, ја презеле контролата врз седиштето на Фатах во Појасот Газа во борбите меѓу палестинските фракции во кои само вчера загинале дваесет и седум луѓе. Шефот на палестинската дипломатија Зијад Абу Амр изјави дека насилството би можело да се прошири и на Западниот Брег. Во меѓувреме, Египет кој се обидува да посредува соопшти дека двете страни не се заинтресирани за преговори.
XS
SM
MD
LG