Достапни линкови

logo-print

Судскиот совет пречка во постигнувањето консензус за НАТО интересите на државата


Во наредниот период Македонија мора да ги интензивира реформите потребни за интегрирањето во НАТО, изјави премиерот Никола Груевски по средбата со претседателот Бранко Црвенковски на која го информираше за состанокот со американскиот претседател Џорџ Буш што се одржа викендов во Тирана, а на кој присуствуваа премиерите на земјите од Јадранската група:

„Го информира г-динот Црвенковски за тие разговори, и мислам дека ова е голема шанса за Макеоднија со други зборови ,,шансата ни се насмевнува,, и треба да ја искористиме и да се направат сите потребни работи за следната година на самитот во Букурешт добиеме покана за полноправно членство во НАТО. Според она што можам да го забележам е дека кај претседателот Буш навистина постои огромно расположение, следната година сите три држави да добијат покана.“

Следниот чекор што треба да се превземе во најскоро време е за заокружување на составот на Сускиот совет на Република Македонија:

„Го советував г-динот Црвенковски при следното доставување на Судскиот совет да внимава при предлагањето на предлозите, особено да внимава во делот на консултации со пратеничките групи, најмалку со пратеничките групи од опозицијата за да се осигура дека ќе има подршка на предлозите што ќе ги даде, затоа што овој пат од една од двете опозициони партии според она што од нив беше кажано на средбите што ги имавме со претставниците на меѓународната заедница, јасно беше кажано дека со нив немало никакви консултации и дека тие не стојат зад предлозите на г-динот Црвенковски.“

Рече Груевски.
Во соопштението од кабинетот на претсседателот Бранко Црвенковски се вели „шефот на државата ниту самиот сака, ниту пак Уставот и законите му дозволуваат да се става во улога на предводник на опозицијата, како што тоа се обидува во континуитет на јавноста да и го наметне премиерот,,. Претседателот Црвенковски се надева дека после пораките од Тирана, премиерот Груевски разбира дека цитирам „ваквите добронамерни совети како неговата денешна изјава не се најдобриот пат за остварување на заедничките цели – реализација на неопходните реформи и приемот на Македонија во НАТО.
XS
SM
MD
LG