Достапни линкови

Париз: Земјите членки на Контакт групата, без Русија, се согласија на резолуција на ОН за Косово


Претставници на земјите членки на Контакт групата, без Русија, синоќа во Париз се согласија околу намерата да се дојде до резолуција на ОН во која се потврдува планот на Марти Ахтисари за независност на Косово, соопшти француското министерство за надворешни работи по завршувањето на состанокот. Претходно американскиот заменик државен секретар Николас Барнс изјави дека овој план е единствен пат и оти за Меѓународната заедница нема враќање назад. Генералниот секретар на ОН Бан ки Мун нагласи дека Советот за безбедност треба не само да го поддржи, туку и да го одобри планот на Ахтисари за Косово.
XS
SM
MD
LG