Достапни линкови

Многумина остануваат нелегално, поради што Влада потпишува договори за регулирање на нивниот статус


Секоја година надвор од Македонија на сезонска работа во странство заминуваат илјадници работници. Најчести дестинации се Хрватска, Црна Гора, Грција, Словенија, Италија. Нивната точна бројка не е никаде регистрирана, со оглед на тоа дека многумина од нив заминуваат на сопствена иницијатива или пак преку разни агенции кои им обезбедуваат работа на црно:

„Сим бил досега во Грција на два месеци во последните години. Сигурно има 200 луѓе до Прилеп што заминуваат и тоа најчесто во Грција. Имаме агенција која што таму наоѓа работа како келнери, собарки, а има и самоиницијативно кои што заминуваат за берење на маслинки, земјоделски работи.“

Вели 30 годишниот невработен прилепчанец Антун Јурковиќ. Работата најчесто ја наоѓаме самостојно, потврдува и сопственикот на градежна фирма кој носи работници во Словенија. Овој бизнисмен вели дека бројката на градежни работници што заминуваат во Словенија е над 1 500-тини. Многумина од нив се префрлаат во Италија и таму остануваат со години:

„Има доста што останале. Одат таму им завршува договорот и остануваат таму илегално.“

Со цел да го регулира статусот на лицата кои заминуваат на сезонска работа во странство, Владата досега има потпишано договор со Германија, а на ратификација во Собранието чека и договорот со Словенија:

„Прво главната цел е да се спречи нелегалното вработување, а второ да се регулира нивниот статус, што значи не само да примаат плата, туку да бидат осигурани и врз основа на тоа да остваруваат и други права.“

вели Стојан Трајанов од Министерството за труд и социјална политика.
XS
SM
MD
LG