Достапни линкови

Со ваквата мерка нема да се постигнат поголеми позитивни резултати, велат експертите


Зголемување на Данокот на додадена вредност од 18 на 22 насто за да се пополни дупката во буџетот која би се појавила поради евентуалното укинување на здравствениот придонес кој изнесува 9,2 отсо од бруто платата. Овој совет кој вчера и го дадоа претствниците на Светската Банка на владата треба темелно да се анализра пред да се прифати, вели економистот Маријан Николов:

„Ова е сосема генерализирање што не е поткрепено со некое емпириско истражување овде во Македонија, туку чисто само се следи интуитивно дека ако скратите денар треба да го надополните.“

Според Николов со евентуалното воведување на ваквата мерка нема да се подобрат здравствените услуги за граѓаните, затоа што парите кои ќе се собираат во државниот буџет ќе останат исти:

„Од аспект на оданочување, во овој случај сега во Македонија работодавецот плаќа за здравствено осигурување, а со предлогот потрошувачите односно граѓаните во широка потрошувачка преку повисока даночна стапка односно преку ДДВ би требало да платат повеќе за истата онаа услуга.“

Како што објаснуваат економистите владата со намалувањето на давачките кои што ги плаќаат сопствениците очекува да ја намали невработеноста односно помалите придонеси да ги мотивираат газдите да ги пријават оние кои веќе работат или пак да вработат нови. Но Драган Николов директор на фирма за градежни матeријали вели дека не очекува овие мерки да се одразат позитивно врз невработеноста:

„Вообичаено е кога нешто ќе се намали на друго место нешто да се зголеми. Значи ќе се укине дополнителниот придонесе од 1 јули за здравството, а ќе се зголеми ДДВ што укажува дека нееластично реагира. Неможе државата има одредени барања и тие треба да се исполнат.“

Инаку идејата за укинување на придонесот за здравството како што изјави вчера министерот за финасии Трајко Славески е негова и се заснова врз британскиот модел. Тој ја отфрли можноста која ја предложи Светската Банка парите во државната каса да се компензираат преку зголемување на Данокот за Додадена Вредност.
XS
SM
MD
LG