Достапни линкови

Виена: Состанок посветен на Конвенционалните сили во Европа


Во Виена денеска, на барање на Русија, почнува 4-дневниот итен состанок, посветен на договорот за конвенционалните сили во Европа. Рускиот претседател Владимир Путин неодамна прогласи мораториум на руското учество во договорот, но Москва соопшти дека нема намера целосно да се повлече, туку бара преиспитување на овој договор. Инаку, со договорот, потпишан во 1990-та година, се ограничува бројот на воени авиони, тенкови и други не-нуклеарни орудија, што можат да бидат распоредени меѓу Атлански Океан и Уралските Планини.
XS
SM
MD
LG