Достапни линкови

Кабул: Иран ги помага авганистанската влада и талибанците, вели Ден Мек Нил


Командантот на НАТО во Авганистан, Ден Мек Нил изјави дека постојат докази оти Иран ги помага и авганистанската влада и талибанските бунтовници. Тој прецизира дека Иран учествува во изградбата на патишта и електрична мрежа во западен Авганистан, но истовремено, од начинот на дејствување на талибанците се гледа дека се обучувани од ирански советници. Иран ги отфрли обвинувањата, истакнувајки дека нема логика шиитска влада да помага сунитско фундаменталистичко движење.
XS
SM
MD
LG