Достапни линкови

Македонија има простор за последно ,,отрезнување,, за прием во НАТО


Доминација на прашањето за косовскиот статус и јасен став за независноста на покраината, наспроти поддршката на земјите од Јадранската група за добивање на покана за членство во НАТО. Ова е она што вчера се случуваше во Тирана за време на посетата на американскиот претседател Џорџ Буш на Тирана. Јавноста во земјава со свое видување:

„Дефинитивно треба да биде последното ,,отрезнување,, за Македонија. Стратешкиот интерес на САД е да има стабилност во регионот во овој момент дефиницијата за стабилност е финалниот независен статус на Косово, колку побрзо Македонија ги вооедначи ставовите меѓу Владата и Претседателот толку повисоки ќе бидат прептпоставките идната година да добиеме покана за членство во НАТО.“

Изјави Владо Бучковски поранешен премиер и министер за одбрана.
Ставот на претседателот Бранко Црвенковски е дека најдобро би било кога косовскито статус би се решил со резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации, доколку тоа не се случи и се прејде на билатерално признавање ке се следат ставовите на Соединетите држави, земјите членки на Европската унија. Сосема очекувано беше Буш да стави акцент на косовското прашање:

„Нашите очекувања покажува дека се многу повисоки, отколку што тоа од надвор се препознава во потесниот микро регион на Јадранската група.“

Изјави професор Лидија Георгиева од Институтот за мировни и одбрамбени студии при Филозовскиот факултет во Скопје. Оттука во наредниот период, следните три до шест месеци Македонија мора интензивно да работи на спроведување на стандардите потребни за зачленувањето во НАТО. Од опозициската ДУИ сметаат дека земјава многу пропуштила во спроведување на стандардите од доаѓањето на владата на Нилока Груевски:

„Изгубивме многу време од формирањето на оваа Влада, така што мислам дека ова е последна шанса и не треба да ја прокоцкаме и следните месеци треба сериозно да се работи.“

Изјави Рафиз Алити од ДУИ.
XS
SM
MD
LG