Достапни линкови

Антиракетната одбрана, НАТО и Косово во фокусот на разговорите


Американскиот Претседатл Џорџ Буш со посетата на Бугарија ја заврши европската турнеа. Тој изутрината во Софија со бугарските лидери разговараше за анти ракетната одбрана во Европа, за проширувањето на НАТО, како и за идниот статус на Косово.

Бугарските лидери се загрижени дека новиот анти - ракетен систем во Чешка и Полска, нема да ја покрие делови од Југоисточна европа, како Бугарија на пример. Шефот на Бугарската дипломатија Ивајло Калфин изјави дека желба на Софија е да не остане надвор во зона на нееднаква безбедност. Американскиот Претседател Џорџ Бу пак уште еднаш, предлогот на рускиот претседател Владимир Путин штитот да биде поставен во Азербејџан го нарече интересен предлог, но дека не знае дали е тоа технолошки изводливо. Еве што изјави бугарскиот претседател Герги Прванов на заедничката прес конференција изутрината во Софија :

„Бугарите не треба да бираат меѓу пријателството со Америка и Русија. Треба со двете држави да се имаат добри односи како што јас сум пријател со Џорџ и Владимир . Во рамките на евро - атланската стартегија ние сакаме добри односи со сите без да ги губиме стратегиските цели.“

Буш од Софија ургира до Либија за ослободување на 5 те бугарските медицински сестри осудени на смрт за намерно заразување со Хив – вирусот на стотици деца во либиска болница. Од регионалните теми се разговара за идниот статус на Косово и за проширувањето на НАТО со земјите од регионот на Западен Балкан.

„Сега е времето да се продолжи натаму со планот на Ахтисари. Америка верува дека Косово треба да биде независно. Ние исто така треба да и ставиме јасно на Србија дека има пат за напредок, можеби во НАТО, можеби во Европската Унија и дефинитивно за подобра соработка со Соединетите Држави.“

изјави Џорџ Буш денеска во Софија. Од Москва пак стигна пораката на српскиот премиер Воислав Коштуница во изјавата дадена на заедничка прес конференција со рускиот претседател Владимир Путин.

„Србија конечно и целосно го отфрли планот на Ахтисари, бидејки со него се одземаат 15 насто од нашата територија.“

Американскиот Претседател во Софија положи цвеќе на споменикот на незнајниот јунак а потоа разговараше со бугарските воени лица учесници во мисиите во Ирак и Авганистан.
XS
SM
MD
LG