Достапни линкови

logo-print

Москва: Русија останува на ставот да не ја признае независноста на Косово


Официјални лица од делегацијата на рускиот претседател Владимир Путин, соопоштија дека Русија одстанува на ставот да не ја признае независноста на Косово. Оваа реакција следува по изјавата на американскиот претседател Џорџ Буш во Тирана, оти крајно време е Косово да добие независност. Во меѓувреме, неколку американски конгресмени поднесоа предлог резолуција до Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес, со кој се бара од Соединетите Држави да го поддржат решението за идниот статус на Косово што ќе биде прифтливо и за Белград и за Приштина, соопшти министерството за надворешни работи на Србија.
XS
SM
MD
LG