Достапни линкови

Гордана Јанкуловска, Министер за внатрешни работи. МВР функционира подобро од било кога


Првите забелешки од опозицијата, кога ве поставија за Министер за внатрешни работи беа дека во период на решавање на статусот на Косово не е добро на вашата функција да биде жена која што нема искуство. По околу десет месеци како вие ја оценувате вашата работа?

Па она што целата јавност може да го види е дека МВР функционира подобро од било кога до сега, не заради тоа што јас сум министер туку податоците буквално го потврдуваат тоа. Во изминативе десет месеци ние имавме успеси на повеќе полиња, како борбата против корупцијата и криминалот. Би сакала да издвојам само неколку случаи за кои опозицијата не веруваше дека постои кривично дело со што се покажа дека опозицијата прави лоши проценки. Ќе ги споменат случајот Бачило, Кинески ѕид, неколку случаи на поткуп, во здравството, образование, полиција, царина... Тоа се се случаи кои што добија судска завршница. Понатаму ние успеавме на планот на илегална трговија со наркотични средства да покажеме дека има трговија, но дека има и решение, како и на планот на илегалната миграција, а последната меѓународна акција координирана со неколку држави од регионот, покажа дека Македонија има капацитет кој само треба добро да се менаџира.

Во меѓувреме бевте обвинувана дека вршите смени во МВР. Ваш коментар?

Обвинувањата се крајно неосновани, но нормално тоа е работа на опозицијата. Точно е дека одредени функционери беа разрешени во МВР, но сето тоа беше направено врз основа на покажаните резултати. Сите оние што покажаа резулати беа наградувани, додека оние што не покажале резултатите беа сменети од одредени позиции. И овој систем ќе продолжи нема место за оние кои што не ги почитуваат законите и што не се вклопуваат во оваа политика на спроведување на законите и борба против корупцијата и криминалот.

Случајот Танушевци ја разбранува јавноста. По акцијата беше најавена и оставка на функционери од МВР. Што навистина се случуваше таму?

Акцијата во Танушевци беше една од многуте акции на МВР и беше насочена против илегалната трговија со оружје. Ние имавме одредена информација, која на крајот се покажа дека не била до крај точна, но сепак акцијата потврди дека таму има оружје. Имавме разлики во количината, но сепак се потврди дека не е се како што кажува опозицијата. Но, мене не ме изненадува нивниот обид да се дефокусира вниманието. Танушевци беше како акциите на Бит Пазар, во ноќните барови во Тетово, Арачиново, како акциите кога беа откриени цигари во вредност од еден милион евра и сите други акции на МВР. Полицијата мора да дејствува секогаш кога има информации, не е исклучено дека понекогаш може да се направи грешка, но секогаш треба да се дејствува.

Имате ли притисоци од некои од функционерите на МВР да не преземате одредени акции?

Не, напротив немам притисоци, а тоа е најверојатно резултат на досегашната политика, а таа е политика не неселективно дејствување.

Неколку случаи во јавноста се поврзуваа со лица од Кондово, вклучувајќи го и последното киднапирање на заменик директорот на МРТВ. Има ли полицијата контрола врз целата територија?

Јас веќе зборував за тоа. Полицијата има обврска да има контрола на целата територија. Ние имавме акции во Арачиново каде се сметаше дека никој неможе да влезе и таму запленивме 12 килограми дрога, така што мислам дека овие прашања се веќе затворени.
XS
SM
MD
LG