Достапни линкови

Тирана: Буш освен со албанскиот државен врв ќе се состане и со премиерите на Македонија и Хрватска


Американскиот претседател Џорџ Буш денеска пристигна во еднодневна посета на Албанија, каде утринава со највисоки почести беше пречекан од албанскиот претседател Алфред Мосиу. Во текот на посетата на Тирана Буш ќе се состане со премиерите на земјите од Јадранската Група, премиерот на Албанија Сали Бериша, на Македонија Никола Груевски и на Хрватска Иво Санадер. НАТО интеграциите на земјите од Јадранската група и Косово, се очекува да бидат главни теми при разговорите. За време на посетата американкиот претседател има средби и со албанските војници кои учествувале во мисиите во Ирак и Авганистан. Посетата на Џорџ Буш е прва посета на еден американски претседател на Албанија. Буш во Тирана е дочекан срдечно од околното население, собрано на центарот на Тирана кој е полн со американки и албански знамиња и со поздравни пароли со што се изразува подршката на Албанија кон Соединетите Држави, јавуваат агенциите.
XS
SM
MD
LG