Достапни линкови

СДСМ вели ја остваривме целта, ВМРО ДПМНЕ смета дека по ова им се зајакнува позицијата


По вчерашната собраниска расправа по која владата ја доби довербата од мнозинството пратеници различни видувања како од партиите така и од аналитичарите. Од иницијаторите Социјалдемокртаскиот сојуз велат, ја постигнавме целта укажавме на сите грешки на владата:

„Премиерот нормално зборуваше само во идно време, ќе се случи нешто, ќе се направи нешто и тоа нормално резултираше со помала подршка на Владата отколку со она што е избрана. И во овој момент 65 пратеници ја подржаа Владата. Тоа зборува дека во однос на тоа 72 колку што беше избрна, паѓа подршката на Владата за жал и се плашам дека договорот што е направен со ДПА ќе му овозможи на Груевски само комоција од три месеци.“

Изјави потпретеедателот на партијата Јани Макрадули. Во владеачката ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека по вчерашната расправа ниту ке им се зајакне позицијата, ниту пак сето тоа го сфакаат како опомена. За тоа што покажа вчерашната расправа Влатко Горчев вели:

„Владата ја има подршката од пратениците во Собранието, работа која што ја знаевме.“

Аналитичарите сметаат дека СДСМ требаше да покрене ваква иницијатива само во случај ако проценките беа дека владата немаше да ја добие довербата:

„Македонија ниту доби ниту изгуби од оваа интерпелација. Од друга страна Владата си доби 90 дена плус стабилност, претпоставувам дека по ова и рејтингот уште повеќе ќе се покачи, бидејќи оваа интерпелацијата дојде во лошо време. Прашање е само што понатаму со опозицијата, одколку рејтингот на државата. За Македонија е посебен проблем рејтингот на СДСМ. Таа е најголема опозициона партија и за граѓаните е најбитно е да имаат јака опозиција. Не сум сигурен дека ако вака продолжат дека тоа ќе го добиеме.“

Изјави професорот Јован Донев од Институтот Евро Балкан. Професорот на Универзитетот ан Југоисточна Европа во Тетово, назми Малики смета дека сите се губитници, како политичките партии, така и државата воопшто:

„Граганите не слушнаа ништо добро ниту од Владата, ниту од опозицијата.“

Со ова додава тој се покажа дека Македонија не оди напред, дека политичките субјекти немаат чувство за државните приоритети. Инаку повторно прашањето за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена, освен ако тоа не го побараат мнозинството од вкупниот број пратеници.
XS
SM
MD
LG