Достапни линкови

Во фокусот разговори за Африка


Денеска во Халигендам – Германија завршува дводневниот самит на осумте најиндистриски земји во светот. Фокусот на лидерите на Г – 8 денеска е свртен кон Африка, при што и се ветени 60 милијарди долари за борба против сидата и другите смртоносни болести на овој континент. Вчера е постигната согласност за кратење на емисијата на зелените гасови а е разговарано и за статусот на Косово.

Францускиот претседател Николас Саркози изјави дека лидерите на Г – 8 не се согласија со неговиот предлог компромис за иднината на статусот на Косово. Соединетите Држави и западните земји го подржаа планот на Марти Ахтисари за набљудувана независност на провинцијата, а Русија се противстави. Саркози имаше предлог за 6 месечна пауза во која доколку Белград и Приштина не најдат подобро решение од она на Марти Ахтисари тогаш неговиот план ке треба да се примени. Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека поради различните опции тешко може да се направи напредок преку ноќ, поради што е постигнат договор за заедничка работа за постигнување решение. Африка и борбата против сидата беше во центарот на денешната арсправа. Г –8 вети 60 милијарди долари помош.

„Имавме значајна и важна дискусија и пораката е дека сме свесни за нашата одговорност поради што и ке ги исполниме обврските.“

изјави германскиот канцелар Ангела Меркел соопштувајки ја одлуката. Претседателот на Гана Џон Куфоур пак изјави дека очекува ветеното да биде исполнето. На денешото продолжение на самитот лидерите на Г – 8, се среќаваат и со лидерите на 5 те растечки светски економии како Кина, Индија, Бразил, Мексико и Јужна Африка кои од своја страна бараат да имаат поголем збор во процесот на глобалното одлучување. На самитот е постигната согласност за значително кратење на таканаречените зелени гасови во рамките на борбата против глобалното затоплување но без условни цели. На маргините на самитот американскиот претседател Џорџ Буш и рускиот Владимир Путин се состанаа за прашањето на анти ракетниот штит во Средна Европа. Путин наместо Чешка и Полска како база го предложи Азербејџан.

„Ние внимателно ги погледнавме американските сугестии. Имаме наши идеи. Првиот предлог е да се користи станицата Габала во Азербејџан. Јас зборував со претседателот на Азербејџан и актуелниот договор тоа ни го дозволува.“

Според американскиот претседател Џорџ Буш, кој предложи заедничка соработка врз анти ракетната одбрана во Средна Европа, средбата била конструктивна и предлозите интересни.

„Како резултат на нашите дискусии ние се согласивме да имаме стратегиски дијалог. Тоа е сериозно прашање. Треба да ги поделиме идеите и загриженоста на Стејт Депертментот и Одбраната и луѓето од војската. Како резултат од овие разговори јас очекувам подобро разбирање за технологиите инволвирани и можностите да работиме заедно.“

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хооп Схефер пак изјави дека евентуалната инсталација во Азербејџан е премногу блиска до Иран.
XS
SM
MD
LG