Достапни линкови

Скопје: Изгласана доверба на Владата на премиерот Груевски


Владата на премиерот Никола Груевски доби доверба од пратениците на Собранието на Македонија, вечерва. Од присутните народни избраници, 65 гласаа “за“, а 43 беа “против“. Воздржани немаше. Со тоа пропадна обидот на опозициската СДСМ за изгласување недоверба на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициските пратнери.

Дваесет и еден пратеник од редовите на СДСМ во понеделникот поднеле барање за гласање на доверба на Владата на Никола Груевски, со образложение дека нејзината политика довела до внатрешна нестабилност, нарушен меѓународен углед и економска нестабилност. Како примери опозиционерите го посочуваа инцидентот во скопското село Танушевци и обвинуваа дека Владата бегајќи од Охридскиот рамковен договор, поради сопствени грешни проценки, отишла во негови можни ревизии. За СДСМ контрадикторн е и договорот меѓу Груевски и Ахмети чија што нетранспарентност, велат опозиционерите, сериозно ги нарушува институциите на државата.
XS
SM
MD
LG